Насловна / Вести / Вонреден инспекциски надзор поради помор на риби во Вардар

Вонреден инспекциски надзор поради помор на риби во Вардар

Поради помор на риби по течението на реката Вардар во Аеродром, дежурните инспектори од Инспекторат на Град Скопје заедно со екипи на ЈП „Водовод и канализација“ веднаш излегоа на увид на терен. Од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се земени примероци од водата за испитување. Првичните индиции на градските инспектори се дека загадувањето на реката на овој потег е од кругот на поранешна „Железара“. Во координација со надлежните државни инспекции ќе следат вонредени инспекциски контроли во кругот на „Железара“, а одговорните субјекти за ова загадување ќе бидат соодветно санкционирани.

Vardar

Најверојатно според првичните анализи од водата во Вардар загадувањето кое вчера предизвика помор на риби, било предизвикано од индустриски отпад, односно железо во форма на р’ѓа, па од таму и портокаловата боја во која беше обоена реката.

Испрати коментар

Scroll To Top