Оваа мала куќа за одмор е проектирана од архитектонското студио GLUCK+, a идејата за проектот е да претставува еден вид скалила кои водат до врвот на дрвјата. Нејзиниот минимален отпечаток на земјата е еден гест со кој овој објект ја почитува природата и шумата каде што се наоѓа. Првите три ката имаат минимум простор со една спална соба и купатило, на некој начин сами по себе тие се многу мали станови. Најгорниот кат содржи дневна соба која се простира надовро од границите на кулата, исто како околните крошни кои излегуваат од стеблата на дрвјата, така што се обезбедува поглед кон езерото и планините. Затворањето на скалите со стакло го проследува движењето од нивото на шумата до крошните на дрвјата, додека темнозелениот екстериер ја камуфлира куќата така што околните дрвја се рефлектираат од него дематеријализирајќи ја нејзината форма.