Во Националната галерија на Северна Македонија, денес, во објектот Чифте Амам, во 20 часот ќе се отвори ретоспективно – монографската изложба на ликовниот уметник Реџаи Исени, (1939 – 2018).
На изложбата ке бидат изложени околу четириесет ликовни творби, од различни временски периоди и техники во кои творел Реџаи Исени и истата ќе биде поставена во Чифте амам до 8 октомври 2019 година. Организација на изложбата: Маја Крставска, виш кустос.
На отворањето на изложбата ќе се обрати директорката на Националната Галерија на Северна Македонија, д-р Дита Старова Ќерими.
Во својот животен век има реализирано повеќе самостојни изложби а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава.