Штетата која пластиката ја предизвикува врз животната средина и особено врз морскиот свет е прилично добро документирана со многубројни истражувања. Но, она за што повеќето луѓе не се свесни, е штетата од опасните хемикалии кои се користат во производството на пластичната амбалажа за прехрамбени продукти.
Истражувачите од Норвешкиот Институт за наука и технологија се обиделе малку да ја расветлат оваа мистерија и откриле неверојатни факти. Имено, во производството на пластичната амбалажа за храна и пилајоци се користат над 4.000 различни видови хемикалии. И уште поважно, ова е само конзервативен приод. Се смета дека бројката е уште поголема.
„Проблемот е што пластиката се изработува од комплексен хемиски коктел, па така често не знаеме кои точно супстанци се содржат во производот. За повеќето од изјадниците хемикалии не постои начин со сигурност да се тврди дека се безбедни.“, вели Мартин Вагнер, биолог од Норвешкиот Институт за наука и технологија. „Ова се должи на фактот што практично е невозможно да се лоцираат сите компоненти. Производителите пак, дури и ако ги знаат сите можни компоненти на својот производ, не се обврзани јавно да ги соопштат,“ додава тој.
Вагнер ги истражувал импликациите на пластиката по животната средина и здравјето на луѓето, попрецизно влијанијата од осум најчесто користени видови на пластика во амбалажата на прехрамбени продукти. Притоа, Вагнер и неговиот истражувачки тим откриле дека кај три видови пластика биле забележани токсични супстанции.