Убавината на градовите се рефлектира низ богатството на култура и историја. Архитектурата, уметничките дела, спомениците, се она што ги привлекува туристите. Но, постојат туристи кои се големи вљубеници во книжевноста и кои особено се восхитуваат на убавината на библиотеките, книгите, како и познатите локали омилемни на легендарните писатели. Таквите луѓе патуваат во градовите кои имаат величенствени зданија во кои со векови се чуваат книги, и сакаат да се прошетаат низ улиците каде минувале познатите писатели. Во продолжение Ви претставуваме некои од тие градови, лулки на книжевноста.
Санкт Петерсбург
Овој руски град бил дом на многу писатели како Мигаил Лермонтов, Лав Толстој, Владимир Набоков. Неговата историја и убавина, била инспирација на многу писатели кои овде го сместиле дејствието на нивните ремек дела. Овде можат да се видат местата кои се опишани во познатиот роман „Злосторство и казна“ на Достоевски, вклучувајќи го и местото каде Раскољников ковал план за убиството. Санкт Петерсбург се сметал за културен центар на царска Русија, па до денес останал незаобиколна дестинација за сите љубители на книжевноста и уметноста.
Единбург
Главниот град на Шкотска има долга и богата книжевна традиција, а во него живееле писателите како Роберт, Ирвин Велш и Мјуриел Спарк. Единбург има голема концентрација на библиотеки, една од најголемите на светот, при што на 100.000 жители има над 60 библиотеки. Покрај грандиозните библиотеки, многумина доажаат во Еднинбург и поради кафулето „Слон“. Кафулето станува популарно откако Џ. К. Роулинг ги напишала своите книги за Хари Потер.
Лондон
Лондон секако бил дом на многу писатели, а им послужил како инспирација за многу дела со различни жанрови. Една од главните знаменитости кои треба да се посетат е бездруго реконструираниот Шекспиров театар „Глоуб“.
Буенос Аирес
Иако Буенос Аирес веројатно нема да биде еден од првите избори кога станува збор за книжевни дестинации, овој аргентински град мора да се најде на листата барем поради една причина: престолнината на Аргентина има повеќе книжарници по глава на жител од било кој друг град на светот. Затоа често го нарекуваат „светски главен град на книгата“. Овде се одржува и многу престижен годишен Саем на книги кој привлекува познати светски писатели.
Њујорк
Во текот на историјата, Њујорк има инспирирано огромен број литературни дела. Бил дом на исклучителни писатели – Артур Милер, Тенеси Вилијамс, Џек Керуак, Ален Гинзберг,…
Самиот град послежил како инспирација за бројни дела, меѓу кои: „Американски психо“, Ловец во ‘ржта“, “Појадок кај Тифани“, и други. Освен што може да се посетат местата кои биле инспирација за овие дела, незаобиколни се многубројните независни книжарници во Њујорк.
Даблин
Даблин е уште еден град во кој живееле некои од најголемите писатели во светот. Посебна атракција е библиотеката „Тринити колеџ“ од 18-ти век, која изгледа како место од бајките. Овде е изложена познатата Тhe Book of Kells, односно илустриран ракопис на Новиот Завет на латински јазик.
Бат
Една од главните причини за посета на шармантното градче Бат во Англија, покрај познатите римски бањи, е и фактот дека тука живеела Џејн Остин. Интересен за посета е Центарот „Џејн Остин“ каде може да се запознае животот и делото на писателката, но и животот во Англија во 19-тиот век. Секој септември градот е домаќин н афестивал кој го носи името на писателката.