Насловна / Вести / И „Гучи“ во борбата против климатските промени

И „Гучи“ во борбата против климатските промени

Италијанската модна куќа „Гучи“ се обврзува во процесот на производство да води сметка за емитувањето на јаглерод диоксид. Со овој гест, компанијата потсетува на улогата што ја игра модната индустрија во однос на екологијата и заштитата на животната средина иако многумина сметаат дека модната индустрија е една од најголемите загадувачи на денешницата.

Претставниците на Гучи рекоа дека нивните пресметки го вклучуваат целиот ланец на снабдување, бидејќи 90 отсто од нив се одговорни за производство на штетни гасови.

Gucci

Така, овој моден бренд ја дели посветеноста кон животната средина на два дела – првиот е избегнување и намалување на штетните материи што се испуштаат, што се постигнува со префрлување на обновлива енергија во сите продавници на компанијата, додека во вториот дел е замената и неутрализацијата на гасовите, што се постигнува преку соработка со организации кои се борат да го задржат јаглеродот надвор од атмосферата.

“Гучи ќе продолжи да работи интелигентно и стратешки за да го избегне и намали влијанието на стакленичките гасови, додека инвестира во иновации кои се однесуваат на одржливост. Сепак, не сметаме дека е доволно, затоа што се соочуваме со ужасните предизвици на одржливоста“, вели директорот на компанијата Марко Бизари.

Испрати коментар

Scroll To Top