Насловна / Вести / Историјата на системот на меѓудржавни автопати на САД

Историјата на системот на меѓудржавни автопати на САД

Системот на меѓудржавни автопатишта на САД (U.S. Interstate Highway System), е еден од најграндиозните проекти од областа на патната инфраструктура на 20-тиот век. Датира од 1956 година, но неговото постојано проширување и надградување траело цели 35 години.

ish5

Приказната започнала многу порано, односно уште во 1919 година кога младиот потполковник Двајт Ајзенхауер  учествувал во еден моторизиран конвој на американската војска, помеѓу Вашингтон  и Оукленд во Калифорнија. Патот бил долг 5.232 километри и траел цели 62 дена.

ish1919

Уште тогаш, Ајзенхауер станал свесен за важноста на патната инфраструктура за една земја. Ова свое уверување го потврдил во текот на Втората светска војна, која престојувал во Германија како командант на сојузничките војски во Европа, и бил импресиониран од германскиот т.н Reichsautobahn, претходница на германската модерна мрежа на автопати.

Откако станал претседател на САД во 1953 година, тој веднаш го назначил генералот Клеј како одговорен за имплементацијата на овој огромен проект. Подоцна Клеј изјавил: „Беше јасно дека ни се потребни подобри автопатишта. Првенствено заради безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, но исто така и заради одбранбени цели, како и за обезбедување на идниот економски раст“.

ish3

ish4

Двајт Ајзенхауер имал идеја за поврзување на САД преку мрежа од меѓудржавни автопатишта финансирани на федерално ниво. Популарниот генерал од Втората светска војна, меѓу другото, сметал дека изградбата на оваа инфраструктура е значаен сегмент и од зајакнувањето на капацитетите за одбрана на земјата во случај на војна.  Првичниот план од 10 години, бил поврзување на сите градови со над 50.000 жители. Изградбата почнала во 1956 г. преку градење на нови делници или трансформирање на постоечките траси во автопати.  Финалниот сегмент е завршен во 1992 година низ Колорадо. Иако се работи за еден од најскапите инфраструктурни проекти во историјата (во 2006 година е проценето дека чини околу 500 милијарди УСД), несомнено станува збор за најзначајно подобрување на инфраструктурата на САД направено досега. Вкупната должина е 68.000 километри, што е доволно за обиколка на земјината топка два пати.

Влијанието на проектот врз развојот на САД бил огромен, особено во развојот на предградијата во 50-тите и 60-тите години.

ish1

ish2

ish7

????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

ish8

 

Испрати коментар

Scroll To Top