Возењето велосипед во Париз доживува вистински бум, а во последните месеци употребата на велосипеди за патувања до и од работа стана „trѐs chic“.
Ова тврдење е поткрепено со податоци снимени со броење на една од најфрекфентните сообраќајници во централниот дел на градот Руе де Риволи. Податоците покажале дека од 10 часот па се до полноќ по сообраќајницата поминале повеќе од 4.000 велосипедисти. Со велосипед се остварува осум отсто од патувањето до и од работа.
Според весникот „Ле Парисиен“, еден од најстарите бројачи на сообраќајници во Париз, поставен на улицата Lafayette, исто така, забележал огромно зголемување на велосипедистите во однос на претходната година. Помеѓу 24 јуни и 15 јули, се регистрирани скоро 17 илјади велосипедисти неделно. Минатата година тој број не надминувал 12 илјади. Градската влада, исто така, извести дека автопатот Georges-Pompidou покрај реката Сена, кој е делумно затворен за патниот сообраќај, забележал зголемување од 52 отсто во сообраќајот на велосипеди во јуни и јули.
Според градската администрација во Париз, велосипедите користеле просечно 225.000 дневни патувања ова лето, а според Парис ен Сел, дури осум отсто од вкупното патување до и од работа во моментов во Париз е со велосипед, во споредба со само четири отсто во 2016 година.
“Велосипедизмот е често најбрзиот начин за патување во Париз и обезбедува олеснување на сообраќајот, помалку бучава и помалку загадување на воздухот. Велосипедизмот во Париз е пријатно, практично, економично и еколошки “, напиша градоначалникот на Париз, Ен Хидалго на Твитер.
Големото зголемување на употребата на велосипеди во француската престолнина се објаснува со избегнување на сообраќајниот метеж и заситеноста со јавниот превоз, но и со зголемената еколошка свест кај граѓаните на Париз.
Според планот на градските власти, париските велосипедисти требаше да добијат вкупно илјада километри велосипедски патеки до крајот на оваа година, за разлика од 1.400 километри претходно планирани. Планот за изградба на нови велосипедски патеки беше наменет да го удвои нивниот број од 700 на 1.400 километри.