Шестата регионална конференција „Кон одржлив транспорт 2019“ ќе се одржи на 7-ми и 8-ми ноември 2019 година во Хотел „Мона“ на Златибор, во организација на Асоцијацијата на раководители за транспорт и логистика – „Транспортлог“. Оваа конференција е наменета за сите заинтересирани правни и физички лица кои секојдневно се соочуваат со предизвици во областа на транспортот и логистиката, возни паркови, синџири на снабдување, логистика, набавки, сервиси на возила, претставници на локални самоуправи, струкови здруженија, осигурителни друштва, образовни институции, комори и други субјекти. Темите на конференцијата се определени, но не се ограничени на следните области:
– Транспорт и возни паркови во јавниот сектор
– Избор на модели на организација на возниот парк
– Технолошки решенија во транспортот и возните паркови
– Примена на информациски системи во транспортот и логистиката
– Одржлив транспорт
– Вреднување на работата на возачите
– Новите прописи во обезбедување на транспортот ан опасен отпад
– Мерната опрема во транспортирањето на течен товар
Повеќе информации за конференцијата, можете да добиете ОВДЕ