Насловна / Екологија / Јадранското Море се загрева побрзо од другите мориња

Јадранското Море се загрева побрзо од другите мориња

Adriatic_Sea
Јадранското Море е меѓу оние водни површини кои се најизложени на загревање, што претставува голема опасност за живиот свет. Причините за оваа појава се лоцираат, пред сè, во неговата специфична положба, односно неговата изолираност од главните океански струи, што го прави изложено на кумулативно загревање. Според податоците на американската истражувачка организација Marinexplore, повеќето морски површини на Земјата се изложени на забрзано загревање.

На глобално ниво, промените на температурата во океаните е под влијание на морските струи кои имаат улога да го транспортираат кислородот. Кога е во прашање Јадранското Море, неговата изолираност од океанските струи значи и помалку кислород, што може значително да влијае на биодиверзитетот.

Извор: reciklirajte.me

Испрати коментар

Scroll To Top