Насловна / Вести / Грција и Словенија, меѓу петте земји на ЕУ со субвенционирање на фосилните горива

Грција и Словенија, меѓу петте земји на ЕУ со субвенционирање на фосилните горива

Во новиот извештај насловен „Субвенции за фосилни горива во нацртите на националните енергетски и климатски планови: недостатоци и конечен повик за акција“, експертите од  Overseas Development Institute (ODI), Friends of the Earth (FoE) од Холандија и Climate Action Network (CAN) Europe ги анализирале нацртите на овие планови на земјите членки на ЕУ, во кои од владите се бара да известуваат за евентуалните субвенци за фосилните горива и плановите за нивно укинување. Утврдено е дека пет земји на ЕУ, меѓу кои Грција и Словенија, сакаат дури да воведат нови субвенции за фосилните горива до 2030 година, а нотирано е и дека ниту една од 28-те земји членки не известува сеопфатно за своите субвенции во оваа област. Имено, покрај споменатите две земји, и Германија, Полска и Велика Британија сакаат да воведат нови субвенции, во екот на климатската криза, и наспроти нивното ветување пред десет години дека ќе завршат со ваков вид на субвенционирање. Така, Грција планира да воведе субвенции за замена на котлите на нафта со гас, а Полска ќе обезбеди субвенции за подземно складирање на гас и употреба на течен природен гас за транспорт.

Авторите на извештајот откриваат дека шест држави – Бугарија,  Данска, Франција, Унгарија, Холандија и Велика Британија, тврдат дека кај нив воопшто нема субвенции за фосилните горива. Инаку, владите на сите земји членки се обврзале да ги укинат овие субвенции уште во 2009 година.

subsidies2

subsidies3

Испрати коментар

Scroll To Top