Новата велосипедска патека која се наоѓа меѓу дрвја нуди уникатно искуство и припаѓа на велосипедската рута Лимбург. Тука, велосипедистите имаат можност да возат по нагорна патека долга 700 метри, што е всушност мост што се карактеризира со двоен прстен со дијаметар од 100 метри што постепено се издига (3-4% наклон) до 10 метри во висина и потоа повторно се спушта со истиот наклон, обезбедувајќи за велосипедистите и пешаците сензационално искуство од 360°.
За безбедност, патеката е еднострана и содржи жичана ограда. Новиот мост за велосипеди е поставен на конструкција од 449 уникатни столбови изработени од не’рѓосувачки челик за да ги симболизираат стеблата на борови дрвја, така што целата структура се вклопува добро со околината.
Почитувањето на дивиот свет било клучно и за самиот проект за велосипедски мост и неговата изградба во шумата Босланд. Проектот е имплементиран во склад со природата и претставува логична алка во рамките на животниот циклус во Босланд.
Дрвјата што биле исечени за да се направи патот за велосипедската лента се искористени за изградба на информативен павилјон на почетокот на трасата.