Наградата Richard Schlagman Art Book Awards е основана во јануари 2019 година. Претставува иновативна соработка помеѓу лондонската Whitechapel Gallery и Authors’ Club, една од најстарите книжевни установи во Велика Британија, основана 1891. година. Наградата ги слави најдобрите издадени книги за уметност на англиски јазик.
Наречена по Richardu Schlagmanu, чија визија ја трансформирала Phaidon Press, да стане издавачка куќа од светска класа и внесе револуција во издавањето модерна и современа уметност, оваа нова иницијатива го потенцира плодниот однос меѓу светот на уметноста и издаваштвото, препознавајќи го разновидниот жанр кој опфаќа уметност, архитектура и дизајн. Наградата ја слави важноста на книгите за ширење на знаењето и учењето за уметност ширум светот. Исто така ја слави иновативноста и современиот графички дизајн и печатење.
Наградита Richardu Schlagmanuсе доделува во различни категории: современа уметност, современа архитектура, историја на архитектура, историја на дизајн, современ дизајн и др.
Оваа години добитник на оваа престижна награда во категоријата – историја на архитектура е книгата „Кон бетонска утопија: архитектурата во Југославија 1948-1980“ (Тoward A Concrete Utopia: Architecture In Yugoslavia 1948-1980), која е издадена по повод големата изложба во њујоршката МоМА и е дел од истата, изложба која минантата година ја претстави југословенската архитектура во овој престижен музеј.
Автори на книгата се Мартино Стиерли и Владимир Кулиќ, дизајнери Бруно Маргрет и Мартина Брасел, а книгата содржи текстови на Тамара Бјажић Кларен, Владимир Десков, Ендру Хершер, Сања Хорватичиќ, Теодосис Исаиас, Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Јелица Јовановиќ, Ана Кац, Јулија Кинчин, Мартина Малешиќ, Марое Мрдуљаш, Арбер Садики, Лука Сконси, Лукаш Станек, Метју Ворсник, Мејрема Затриќ.
На 200 страници содржани се статии, необјавени архивски материјали и фотографии на објектите од Valentin Jeck. Потенцирани се клучните концепти на југословенската архитектура, урбанизмот и општеството, преку исклучителни проекти и клучни фигури во ерата на квалитетното создавање. Изданието претставува пошироко разбирање за повоениот модернизам на глобално ниво на архитектурата.
Повеќе за оваа престижна награда можете да погледнете тука.