Насловна / Вести / На австриски стадион порасна шума

На австриски стадион порасна шума

Убаво исечена трева, по можност рамна земја, 22 играчи на неа и илјадници навивачи кои навиваат за нив – тоа е она за што размислуваат повеќето луѓе кога станува збор за фудбалски стадион. Но, во Австрија се случи нешто друго и се појави шума на стадион.

stadion

Швајцарскиот уметник Клаус Литман е одговорен за ненадејното разеленување на природата, што подразбира поставување на 300 дрвја на стадионот Клагенфурт во Каринтија.

Поставката „За шума – Бескрајната привлечност на природата“ беше отворена на 8-ми септември и е инспирирана од повеќе од 30 години дистописко цртање од австрискиот уметник и архитект Макс Пајтнер. Целта на ова, како што е наведено од Литман, е „промена на перцепцијата на луѓето за природата и да ги натера да размислуваат за иднината“. Уметникот вели дека сакал да покаже на симболичен начин дека еден ден, ако не внимаваме на шумите, тие навистина ќе може да се најдат само на слични затворени простори кои имаат друга намена.

stadion1

За време на изложбата, австрискиот второлигаш кој игра на стадионот ќе пречекува екипи на друго место, а кога ќе заврши изложбата, целата шума ќе биде пресадена на локација во близина на стадионот каде ќе стане „жива шумаска скулптура“.

stadion2

Испрати коментар

Scroll To Top