Светло обоените парчиња кои наликуваат на подморници се простории за состаноци во новата канцеларија на интернет компанијата Yandex. Се работи за реновирање на пет катови во зградата што се наоѓа во московскиот Krasnaya Roza 1875 дистрикт.
Архитектите развиле шема на вметнување на шарени заеднички простории и соби за средби, кои се сместуваат меѓу повообичаениот работен простор кој има пригушени сиви и бели тонови.
„Клиентот обично сака да види удобен ентериер кој ќе содржи голем број невообичаености“, вели архитектот.
Заоблените „лушпи“ се превиткуваат овозможувајќи да има и стаклен дел од каде што влегува светлина, така што со повлекување на завесите може да се дојде до потребната приватност. Завесите се во портокалова и зелена боја која е во корелација со бојата на ѕидовите и мебелот наоколу.