Во Хрватска во истарското градче Бале, недалеку од Ровињ, сместена е куќата Villa Giuseppe на хрватскиот дизајнер Борис Ружиќ. Станува збор за објект со површина од 220 квадратни метри во кој се сместени три спални соби, кујна со трпезарија, дневен боравок, спа простор со сауна и туш кабина.
Опкружувањето е голема локација од три страни оградена со високи камени ѕидови, а станарите од љубопитните погледи ги сокриваат чемпреси.
Меѓутоа она што ја прави вилата особено интересна е ентериерното решение кое се преплетува со екстериерот.
Иако спојот на модерното и традиционалното, неретко знае да звучи како клише на примерот на ова архитектонско дело тоа секако не е случај, бидејќи токму тој спој е добро и нималку претенциозно изведен.
Имено Villa Giuseppe со своите архитектонски контури упатува на тоа како народот некогаш градел со современи интерполации, нагласува Ружиќ.
Тој додава дека и на овој, како и на секој негов проект кога започнува со проектирање, приоѓа внимателно и со широко отворена свест. При тоа особено води сметка неговите архитектонски дела да не ја нарушат, во овој случај автентичноста на истарското поднебје, особено да бидат складни и привлечни за една нова и архитектонска безвремена историја на Истра и на Медитеранот.
Дизајнерски пристап
„Во приземјето концептот е отворен простор со кујна, трпезарија и дневен боравок, чиво модерно обликување го дополнува отворот за поглед кон базенот“, појаснува Ружиќ.
Материјали
Во вилата се користени природни материјали како дрво, камен, ленена ткаенина, кожа, што асоцира на традиција, класика, минато, но во нова форма, преку нов дизајн и редизајн.
Боите и текстурите на прв поглед се едноставни и смирувачки, природните тонови и чистите површини се основа за удобност во било кое годишно време.