Канадскиот уметник John Rafman произведе серија имагинарни ентериери врз основа на мотивите на познати уметнички дела. Проектот Brand New Paint Job бил направен во посебна програма за 3Д моделирање со помош на 3D Google модели на ентериери, кои потоа се покриени со отпечатоци од познатите светски уметници.
Импресионистички подови, графити ѕидови, поп-арт мебел – делата на Rafman се извонредна комбинација на масовно производство и висока уметност. Според уметникот, серијата не е завршена, бидејќи има уште многу интересни идеи кои треба да се спроведат.