Насловна / Вести / Германија вложува во санацијата на своите шуми

Германија вложува во санацијата на своите шуми

Климатските промени во Германија веќе предизвикале сушење на големи шумски подрачја. Состојбата е толку сериозна што Министерството за земјоделство направи план за итна помош за спас на шумите со кој околу 500 милиони евра би се вложиле во санација на германските шуми. Само од минатата година се исушиле околу 110.000 хектари шума, што е навистина алармантно. Досега министерството го поддржувало шумарството со околу 30 милиони евра годишно. Во споменатиот акциски план, тежок половина милијарда, околу 25 милиони евра ќе се вложат во истражувања. Сепак, претставниците на германскиот шумарски сектор не се задоволни со овие средства бидејќи според нив не се доволни. Германскиот совет за шумарство проценува дека во следните 10 години ќе бидат потребни најмалку две милијарди евра, за да се санира штетата. „Секое стебло кое нема да го посадиме денес,е едно стебло помалку за нашите деца и внуци“ вели германската ресорна министерка Julia Klöckner.

wald1

wald3

wald2

 

Испрати коментар

Scroll To Top