Минатата година беше најавено дека во Црна Гора влегува најлуксузната светска франшиза The One&Only, која зад себе има неколку ексклузивни одморалишта низ целиот свет, вклучувајќи ги Дубаи, Маурициус, Малдиви и Јужна Африка. Во овој проект, во вредност од 500 милиони евра, учествува и познатиот Chenot велнес центар, дело на Henry Chenot, кој ќе биде прв центар на овој бренд во регионот.
Експертите велат дека Chenot wellness нуди една од најдобрите методи во светот, која ги комбинира традиционалната кинеска медицина со најновите медицински технологии. Целта на третманот е подобра виталност, исфрлување на токсини и подигање на енергијата.
Инвеститорите се стремат Црна Гора да стане центар на случувањата во овој дел на Европа, со врвна услуга која ќе ги задоволи дури и најделикатните гости. Комплексот ќе понуди 110 луксузни апартмани, Henry Chenot wellness центар и пристаниште за суперјахти.