Австралиската компанија Qantas Airways планира маратонски летови од Њујорк и Лондон за Сиднеј, со цел да провери како врз патниците ќе влијаат овие долги летови. Во текот на овие летови, во авионите ќе бидат само членовите на екипажот и вработени од компанијата, а Qantas соопшти дека тоа ќе биде симулација на најдолгите директни летови на светот. Тестовите ќе почнат во октомври, а ќе се користат авионите Dreamliner на Boeing. Вкупниот број патници на еден лет е предвидено да биде 40, и ќе бидат избрани меѓу вработените на компанијата, после претходно поминати лекарски прегледи и проценки. Qantas сака да започне со комерцијални директни летови од 2022 година, и да го поврзе Сиднеј со Њујорк и Лондон. Летовите ќе траат 20 часа, а сеуште не е познато како патниците ќе го поднесат долгото патување. „Она што ќе го научиме во текот на тест летовите ќе биде непроценливо“, вели претставникот на Qantas, Alan Joyce.