Утре, со почеток во 13 часот во дворот на Даут пашин амам, ќе се одржи изложба на детски креативни работилници насловена како „Летни приказни“.
Во текот на летниот период реализиран е циклус од детски креативни работилници под наслов „Летни приказни“. Во креативниот циклус анимирани се теми кои се составен дел од летниот распуст како: „Во Морските длабочини“, „Сладолед“, „Овошјето како уметност“, „Градот убав пак ќе никне“, „Жнееме и твориме“.
Ова лето, 2019 година, во проектот насловен „ Летни приказни“ учествувале деца од повеќе училишта и едукативни центри, кои имале можност да работат во различни ликовни техники на споменатите теми.
Работилниците биле водени под менторство на едукаторот Маја Димитрова.