Насловна / Архитектура / Куќа на уметностите

Куќа на уметностите

Casa das Artes (Куќата на уметностите) е проект на FAT- Future Architecture Thinking, се наоѓа  во Miranda do Corvo, Португалија. Главната цел на проектот што е сместен во пејзаж е поврзување на два идентитета, рурален и урбан.
house-of-the-arts-by-fat02
Зградата има современ и волуменозен експресивен јазик. Косиот кров воспоставува дијалог помеѓу геометријата на планинскиот пејзаж во аналогија со селските покриви. Динамиката е постигната преку фасадата и покривот, акцентирани со јака црвена боја, нагласувајќи го својот дизајн така што зградата се издвојува од околната вегетација.

Повеќе од објект, Casa das Artes претендира да биде обележје и да содржи во себе места каде што луѓето ќе се сретнуваат, каде ќе се случуваат уметноста и културата, простор кој е способен да промовира и стимулира креативни активности, подигнувајќи го квалитетот на живот меѓу населението.

Проектот е предвиден да создава разновидни простори, технички соодветни за различни типови на настани кои ќе ги задоволат сите потреби на жителите.

Зградата се состои од три волумени кои имаат различна употреба: првиот содржи сценски простории, вториот е наменет за посетителите и фоајето, и во третиот се наоѓаат кафетеријата и музејот, кој стои како самостоен волумен.
house-of-the-arts-by-fat01 house-of-the-arts-by-fat03 house-of-the-arts-by-fat04 house-of-the-arts-by-fat06 house-of-the-arts-by-fat07 house-of-the-arts-by-fat08 house-of-the-arts-by-fat09 house-of-the-arts-by-fat10 house-of-the-arts-by-fat11 house-of-the-arts-by-fat12 house-of-the-arts-by-fat13 house-of-the-arts-by-fat14 house-of-the-arts-by-fat15 house-of-the-arts-by-fat16 house-of-the-arts-by-fat17 house-of-the-arts-by-fat18 house-of-the-arts-by-fat19 house-of-the-arts-by-fat20

Испрати коментар

Scroll To Top