Пожарот кој избувна околу 8 часот вчера вечер кај Катланово, а беше лоциран над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје, утрово нешто пред 6 часот е целосно изгаснат, соопштија од Противпожарната бригада на Скопје.
Во гаснењето на пожарот кај Катланово беа вклучени 22 пожарникари и 10 возила, а на терен беше испратено и едно возило од рафинеријата „Окта“ за да им помогне на пожарникарите.
Според командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, со пожарот чие гаснење траеше во текот на ноќта, била зафатена голема површина нискостеблеста шума, а огнот почнал да се шири и кон повисоките делови каде има борова шума.