Насловна / Вести / Француските железници, двигатели на „зелената“ револуција

Француските железници, двигатели на „зелената“ револуција

Француските железници, планираат до 2021 година да заменат некои дизел модели со нови дизел-електро хибридни возови на североисток, запад и југ на земјата. Франција се приклучува на „зелената“ револуција на железницата со купување на 15 возови на водород, кои не генерираат емисии  на јаглерод диоксид, а би требало да ги заменат постоечките дизел модели, најави челникот на францускиот државен железнички превозник SNCF (Société Nationale des Chemins de Fer français). Возовите на водород ќе бидат опремени со горивни ќелии кои произведуваат електрична енергија од водород и кислород. Германија е првата земја која ја вовела оваа технологија пред една година, ставајќи во сообраќај два воза на францускиот производител TGV (train à grande vitesse) Alstom, на пруга со должина од 100 километри. Досега Франција имаше проблеми со добивањето на чист водород, со тоа што 65% од водородот се добиваше од природниот гас. Alstom предложил прилагодување на моделот кој се користи во Германија, па возовите на SNCF наместо чист водород ќе користат комбинација од електрична енергија и водород. Целта на SNCF, е за 15 години на француските шини да не остане ниту еден дизел воз.

sncf2

〓元素記号描かれた列車

sncf1

Испрати коментар

Scroll To Top