Насловна / Вести / Додека сите гледаат само во Амазонија изгоре Африка

Додека сите гледаат само во Амазонија изгоре Африка

Додека светот со ужас ги следи пожарите во Амазонија, на сателистките снимки на НАСА се гледа дека многу поголем пожар го зафатил афричкиот континент.
НАСА ја нарече Африка „огнен континент”, бидејќи тамо буктат две третини од сите пожари на светот, а некои од нив се појавуваат од година во година, јавува АП.
Пред шест дена во Конго и Ангола забележани се повеќе пожари отколку во Бразил, јави „Блумберг” повикувајќи се на податоците од сателит на НАСА.
Само во два дена, 22. и 23 август во Ангола се регистрирани дури 6.902, а во Конго 3.395 пожари. Во исто време во Бразил се забележани 2.127 пожари.

афр
И додека огнената стихија во Африка е подалеку од рефлекторите на светската јавност, пожарите во амазонската прашума предизвикаа протести ширум светот и барања за акција да се заштитат „белите дробови на светот“.
Според зборовите на професорката Сали Арчибалд од Универзитетот во Јоханезбзрг, во Ангола и Конго доминираат пожари во ретко пошумени савани и на полиња на мали фарми, каде како и во други делови на светот на овој начин се чистат нивите, поради што предизвикуваат помала грижа.
Пожарите во саваните испуштаат јаглерод диоксид, но за една година израснува тревата и впива јаглерод диоксид.
Европската вселенска агенција проценила дека 25 до 35 отсто од емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, потекнуваат од т.н. согорување на биомаса, што ги вклучува и пожарите кои намерно се запалени поради земјоделие, како и тоа дека најголем дел од тие пожари се случуваат во Африка.

амаз1
И додека за разлика од пожарите во Африка, оние во Амазонија предизвикаа многу поголемо внимание, медиумите се преполни со написи дека на човештвото му се заканува недостаток од кислород, бидејќи најголемата светска прашума е одговорна за 20 отсто на негово производство, пресудно за животот на Земјата. Меѓутоа научниците објаснуваат дека тоа не е точно.
Всушност, скоро целиот кислород на Земјата потекнува од океаните и го има доволно да трае со милиони години. Постојат многу причини поради кои треба да се биде ужаснат од пожарите во Амазонија, но трошење на залихите на кислород не е една од нив.
Научникот Скот Денинг од Универзитетот во Колорадо наведува дека скоро целиот слободен кислород го произведуваат растенијата по пат на фотосинтеза, а околу третина од копнената фотосинтеза се случува во тропските шуми, од кои најголемата е во Амазонија. Меѓутоа целиот кислород произведен со фотосинтеза секеја година го трошат живите организми и пожари. Дрвјата константно ги отфрлаат мртвите лисја, гранки, корења и друг отпад, кои го хранат богатиот екосистем на организмите, највеќе инсектите и микробите и сите тие трошат кислород во тој процес.
Растенијата произведуваат многу кислород, а микробите трошат многу кислород. Резултат на тоа е дека нето производството на кислород од страна на растенијата е блиску на нула.
Амазонија произведува околу пет, шест отсто кислород кој се создава со фотосинтеза.

амаз2
Гледано од поширока перспектива на целата планета, каде биосферата не само што создава туку и троши кислород, придонесот на Амазонија во количеството кислород на Земјата е помалку или повеќе на нула.
Наспроти популарнте бомбастични изјави за „белите дробови на планетата“, Денинг објаснува дека кислородот кој го вдишуваме е заоштавтина од фитоплактоните од океаните кои во тек на милијарди години, полека но сигурно акумулирале кислород, кој атмосферата на Земјата ја направил оваква кава е денес со 21 отсто кислород. Дури и да согори и целата органска материја одеднаш, помалку од еден отсто од светскиот кислород би бил потрошен. Во атмосферата има доволно кислород да трае со милиони години.

Не бели дробови, туку клима уред
Секако дека се предходно наведено не значи дека Амазонија не е важна. Најголемата прашума е значаен фактор во извлекување јаглерод диоксид од атмосферата. Научниците не се согласуваат со споредбата со „бели дробови“, туку сметаат дека Амазонија е џиновски клима уред, кој ја лади планетата, еден од најзначајните фактори во намалување на климатските промени, заедно со тропските шуми во централна Африка и Азија.

Испрати коментар

Scroll To Top