Насловна / Екологија / „Гринпис“ предупредува на зголемениот ризик од нуклеарни несреќи во Европа

„Гринпис“ предупредува на зголемениот ризик од нуклеарни несреќи во Европа

Ризиците за појава на голема нуклеарна несреќа во Европа се зголемени. Во моментов, во ЕУ, Швајцарија и Украина работат 151 атомски централи, од кои 66 реактори се постари од 30 години, а 25 реактори се стари дури над 35 години.
nuclear3mb
„Кога ќе се земе предвид дека реакторите најчесто се проектирани за работа во период од само 30 години, тие веќе го надминале животниот век“, предупредува Тобијас Ридел, експерт на „Гринпис“ за нуклеарна енергија.

Студијата од 146 странци, направена по барање на „Гринпис“, констатира дека опасноста од несреќи се зголемува поради повеќе причини. Во многу земји атомските централи во иднина треба да работат значително подолго од предвиденото, поради зголемените барања за енергија. Зголемувањето на производството значи и поголемо оптоварување за централите, што во комбинација со нивниот животен век претставува сериозна  потенцијална закана по безбедноста.

Со оглед на растечките ризици, „Гринпис“ бара итно преземање мерки. Покрај брзото откажување од атомската енергија и премин кон обновливи извори на енергија, се бара и итно исклучување на атомските реактори кои се постари од периодот на работа за кој се предвидени. Освен тоа, „Гринпис“ бара целосна транспарентност и учество на јавноста во процесите на одлучување.

Извор: Deutsche Welle

Испрати коментар

Scroll To Top