Пацифичкиот поморски кабел долг 12.000 километри помеѓу Лос Анџелес и Хонг Конг, веќе е во голема мера комплетиран. Изведбата течела во согласност со привремената дозвола чија важност истекува следниот месец. Но, неименувани извори на Wall Street Journal предупредуваат дека целиот проект е во опасност да не ја добие неопходната дозвола, поради забелешките на панелот познат како “Тим телеком“. Доколку овој панел одбие да издаде лиценца, тоа ќе биде преседан, а како образложение се наведува „опасност по националната безбедност“.
Извештајот на Wall Street Journal, доаѓа откако САД минатата недела објавија дека ќе ја одложат забраната за Huawei на 90 дена. Кинескиот производител на паметни телефони, во мај годинава беше ставен на црна листа поради обвинувањата дека негова опрема се користи за шпионски активности на кинеската влада.