За две години, Ѓорче Петров ќе добие современ шопинг центар.
Емпорио бизнис центар е резултат на јавно-приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет ДОО Скопје. Проектот за објектот го направи архитектонското биро DSC Design.
Почетокот на градбата на објектот е наскоро и ќе биде со површина околу 30 илјади метри квадратни, а ќе биде лоциран на дел од реонскиот парк на општината и ќе се протега до главната улица Ѓорче Петров. Во рамките на објектот, кој ќе биде на пет катови, ќе биде изграден подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг места. Шопинг просторот ќе зафаќа две третини од објектот, а деловниот простор ќе се протега на останатиот дел.
Проектот е планиран да биде завршен во 2016 година и ќе претставува современ и модерен шопинг и деловен центар.