На 25 август официјално започна овогодинешниот фестивал „Burning Man2019 “ во пустината Невада, каде доаѓа да израз креативноста на архитектите, а ќе трае до 2 септември. Годинава темата се врти околу идејата „Метаморфозис“, потикнувајќи ја креативноста на уметниците кои поставуваат единствени инсталации и павилјони.
„Burning Man“ не е фестивал! Тоа е град во кој скоро сè што се случува во целост е создадено од неговите граѓани кои се активни учесници во ова искуството. “- се вели на официјалната веб-страница на Burning Man.
„Еднаш годишно, десетици илјади луѓе се собираат во пустината Блек Рок во Невада за да создадат Блек Рок Сити, привремена метропола посветена на заедницата, уметноста, самоизразувањето и самоувереноста. Во ова место на креативност, сите се добредојдени“, додаваат од Burning Man. Повеќе за фестивалот може да погледнете тука.
Ви ги претставуваме првите фотографии од фестивалот.