Шведскиот уметник Јонас Далберг е победник на Меморијалната награда „22 јули“ во Норвешка. Овој уметник предлага да се исече парче од 1.000 кубни метри од карпа на островот Утоја, каде Андерс Беринг Брејвик изврши масовно убиство, и на тој начин не само да потсетува на ужасниот настан, туку и да се остави вечна трага во пејзажот. Далберг, според проектот, со тоа „одвојување“ би направил голема „рана“ која би претставувала иста рана како денот кога биле изгубени толку млади животи.
За потсетување, на 22 јули 2011 година, 77 луѓе биле убиени, од кои осум од авто-бомба поставена во Осло, а останатите 69 на островот Утоја.
Според Далберг, исеченото „парче“ би било пренесено на местото каде што Брејвик ја детонирал бомбата во централниот дел на Осло, а од него прво би се направила меморијална патека, а потоа тука би бил изграден и постојан амфитеатар насловен „Време и движење“.