Насловна / Арт и дизајн / Новак Ѓоковиќ и Montblanc – хуманитарно партнерство

Новак Ѓоковиќ и Montblanc – хуманитарно партнерство

Кога станува збор за луксузни инструменти за пишување, Montblanc е име кога секогаш се наоѓа на врвот на листата.

n7
Montblanc го објави своето партнерство со Фондацијата Новак Ѓоковиќ. Montblanc и тениската светска легенда ја реализираа својата соработка на специјалното издание инструмент за пишување StarWalker ограничено на само 300 парчиња. Ова партнерство се стреми да ги поддржува образовните програми ширум светот.

n1

Верувањето на Новак Ѓоковиќ дека описменувањето е фундаментален дел од образованието на кое треба да има пристап секое дете, се совпаѓа со верувањето на компанијата дека пишувањето е скапоцен подарок што има моќ да го промени светот.

n8
Специјалното издание на сетот StarWalker се состои StarWalker Metal Fineliner и Notebook #146 Indigo Blue, при што и двата предмета доаѓаат со потпис на тенискот рекет број еден. Профитот од продажбата на овој сет ќе биде неасочен кон фондацијата основана од Новак Ѓоковиќ, а која се труди на секое дете да му овозможи прилика за квалитетно образование.

n5
Коментирајќи го ова партнерство, Николас Барек, CEO на Montblanc брендот изјави: „Бевеме воодушевени од сознанитето дека вистинската спортска легенда, каква што е Новак Ѓоковиќ, секојдневно води дневник. Неговата страст кон поттикнување на младите низ образование, оди рака под рака со нашите вредности и цели да ги охрабриме младите да остават своја трага во нашиот свет. Среќни сме што имавме можност да се здружиме со Фондацијата на Новак и да им помогнеме на децата со алатки кои ќе им пружат можност да го постигнат својот полн потенцијал и да ги остварат соништата“.

n2

Сетот StarWalker Metal Fineliner и Notebook #146 Indigo Blue чини 740 долари и ексклузивно е достапен во продавниците на Montblanc во Њујорк, Лондон и Париз, како и преку интернет.

n6

n9

Испрати коментар

Scroll To Top