Насловна / Вести / Словенечкиот премиер се залага за нова нуклеарка во Кршко

Словенечкиот премиер се залага за нова нуклеарка во Кршко

Словенечкиот премиер Марјан Шарец, по повод постетата на нуклеарната електрана (НЕ) „Кршко“, изјави дека се залага за изградба на втор блок во оваа нуклеарка, со цел во иднина Словенија да има доволно енергија од сопствени извори. Словенија добива една третитна од својата енергија од нуклеарката „Кршко“, чиј работе век е проектирано да заврши во 2043 година. Токму во тој период треба да престане со работа и термоцентралата на јаглен „Шоштањ блок 3“.  Шарец истакнал дека Владата треба да го донесе националниот план за енергетски развој во следните децении, и дека изградбата на втор блок во Кршко е едно од сценаријата кое треба сериозно да се анализира.

sarec1

sarec2

Околу можностите за изградба на втор блок во НЕ „Кршко“, се расправа веќе дваесетина години. Имало и прелиминарни разговори со потенцијални понудиувачи на опрема и кредитори, но економската криза пред десетина години, го згасна овој ентузајазам, со оглед на фактот дека инвестицијата е проценета на околу 4 милијарди евра. Секако, одлуката за изградба на вториот блок треба да се донесе барем десет години пред планираното затворање на постоечкиот блок на НЕ „Кршко“.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top