Потполно облечено во тула од локални извори, основното училиште проектирано од бирото Samira Rathod Design Associates сместено е во селото Bhadran, областа Gujarat во Индија.
Училиштето од мноштво лакови, ниши и криви линии е инспирирано од детството, драгите спомени и соочено е со слободата на децата. Претставува збирка од мали простори со неправилни форми кои ја поттикнуваат играта и фантазијата, пишува Domus.
Објектот се наоѓа на парцела опкружена со полиња на тутун, една од главните индустрии на ова подрачје.
„Училиштето се разви како колаж на повеќе мали случки, мали простори за криење, судирање, качување, превртување, трчање, за да се задоволи љубопитноста на детскиот умот во формирање, овозможувајќи идилична фантазија“, вели проектантката Samira Rathod.
Асиметричната зграда отскокнува од конвенционалните крути мрежи, како потрага по детска љубопитност и критичко размислување. Распоредена на две новоа, приземје и кат, зградата се состои од пет блока распоредени долж централен, кривулест ходник со вкупно 11 училници, шест во приземјето и пет на катот, канцеларии, главни скали и храм.
Училниците се осветлени со небо, а ѕидовите, подовите и кровот обложени се со тула од теракота која е набавена од фабриката во близина на локацијата.
Светлината е така дизајнирана за да ги дефинира моментите на доживување на архитектурата, со тенки сенки во ходникот, мек сјај низ сводовите и многу светлина во училниците.