Насловна / Вести / Зошто Доха ги фарба улиците во сина боја?

Зошто Доха ги фарба улиците во сина боја?

Управата за јавни работи на Катар почнала, заедно со јапонска компанија, да реализира експериментален проект за фарбање улици во сина боја во центарот на Доха. Овој пилот проект е во рамки на борбата против екстремните горештини.

doha1
„Температурата на темниот асфалт е 20 степени Целзиусови повисока од вистинската темепература, бидејќи црната боја привлекува и зрачи топлина“, вели градскиот инженер на Доха, Saad el Doseri, пренесува катарскиот лист „Раја“

doha3
Според неговите зборови фарбањето на асфалтот ќе помогне температурата да се намали за 15 до 20 степени, но и да се зголеми животниот век на премазот.
Во моментов патиштата се офарбани само на една од централните улици на градот, каде температурата поради недостаток на дрвја може да порасне и до 50 степени Целзиусови.

doha2

Испрати коментар

Scroll To Top