Властите на Венеција го казниле шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава со казна од 78.000 евра за дизајнирање мост над Гранд каналот, што не може да поддржува голем број туристи.
Одлуката ја донесе судот во Италија во која се наведува дека Калатрава е несовесен во процесот на градба и дека тој дизајнирал и други мостови, како што се оние во Далас и Калгари, кои му биле наведени како доказ дека има доволно информации за конструирање.
Мостот „Ponte dela Konstitucione“, долг околу 90 метри, бил изграден во 2008 година и го добил името по италијанскиот устав, кој потоа ја одбележа 60-годишнината.
Во тужбата на градските власти се наведува дека мостот, со челична рамка и стаклените плочи, не можел да ја издржи навалицата на гости и на нивните куфери, кои се влечеле секојдневно, што барало замена на неколку стаклени скали.
Контроверзноста околу мостот е најновата во серијалот што ја мачи Венеција, која се соочува со последиците од прекубројниот туризам. Неодамна беа воведени туристички контроли во италијанскиот град – на посетителите кои престојуваат преку ноќ во градот им се наплаќа такса од 10 евра, а куферите со тркала се забранети. Одамна е забрането да се седи на тротоарот, да јаде на улица…
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро ја поддржа кампањата „Уживајте и поддржете ја Венеција“, која ги охрабрува посетителите да го почитуваат градот за време на нивната посета.