Насловна / Вести / Вештачка кожа која може да ја менува бојата

Вештачка кожа која може да ја менува бојата

Научниците од Универзитетот во Кембриџ, користат наномашини – микроскопски мали роботи, за да создадат вештачка кожа која може да ја менува бојата под дејство на светлина. Материјалот се состои од ситни честички на злато обложени во полимерна школка, кои потоа се ставаат во микроскопски капки вода во масло. Кога се изложени на светлина или топлина, честичките се спојуваат и бојата на кожата се менува. Научниците го моделирале овој дизајн на кожата по примерот на кожата на камелеонските животни. Бојата се утврдува според оддалеченоста на честичките. Ако наночестичките се разделени, бојата ќе биде црвена, а во спротивно ќе биде сина. Бидејќи засега истражувачите имаат развиено само еден слој кожа, бојата може да биде само една во определен период. Со додавање на повеќе слоеви, промената на боите може да биде подинамична. Ова својство, може да придонесе за апликации во т.н „активна камуфлажа“ како и кај динамички дисплеи.

cameleon1

cameleon2

cameleon3

Испрати коментар

Scroll To Top