Насловна / Вести / Од јануари 2020, Непал ја забранува пластиката за една употреба во регионот на Еверест

Од јануари 2020, Непал ја забранува пластиката за една употреба во регионот на Еверест

Непал ја забранува пластиката за една употреба на и околу Монт Еверест, во обидот барем малку да го намали отпадот од страна на учесниците во експедициите за искачување на највисокиот врв. Властите истакнуваат дека забраната се однесува на сите пластични шишиња за т.н „софт“ пијалоци, како и пластиката за една употреба со дебелина под 30 микрони. Забраната ќе се однесува и на локалните продавници кои нема да смеат да продаваат вакви производи. Засега, исклучок се прави само за пластичните шишиња за вода, иако и за овој проблем се бара решение, односно во тек е консултација со засегнатите страни.

Во мај 2019 година, група волонтери собра повеќе од три метрички тони отпад од падините на планината. Регионот привлекува илјадници туристи секоја година, а сезоната на искачување во 2019 година имала 885 планинари во обид да се искачат на врвот. Според многумина, од година во година оваа масовност почнува да станува закана и за безбедноста. Имено, постојат гласини дека во пролетта годинава дури за 11 незгоди со смртни последици вината треба да се бара во големиот број експедиции односно планинари.

everest3

everest1

everest2

Испрати коментар

Scroll To Top