Насловна / Арт и дизајн / Посетителите тврдат дека во Лувр владее хаос

Посетителите тврдат дека во Лувр владее хаос

Посетителите на најголемиот француски музеј Лувр се повеќе замеруваат затоа што се принудени да чекаат во долги редови за да ја видат најпрочуената слика на музејот, Мона Лиза на Леонардо да Винчи.
Тие се жалат дека долго се чека во редовите, но најмногу им смета тоа што им е дозволено да ја видат славната слика само неколку минути, бидејќи чуварите ги бркаат да продолжат понатаму, пишува Њујорк тајмс.

mona1
Со оглед на тоа дека сликата е со мали димензии (53 х 77 сантиметри), посетителите се жалат и на тоа дека не можат добро да ја видат од дозволената оддалеченост.
Во моментов, бидејќи таа сала се реновира, Мона Лиза е преместена од своето стандардно место и сместена е во монументалната сала „Медичи“ во која се наоѓаат платната на Рубенс, кои со својата големина доминираат над нејзе.
Поради тоа управата на Лувр им предлага на посетителите да закажат „Средба со Мона Лиза“, бидејќи само оние кои имаат резервација, од 30-те илјади кои доаѓаат само за да ја видат сликата на Леонардо, сигурно ќе можат тоа и да го направат, но исто така само неколку минути.

mona2

Посетителите се жалат дека чуварите им дозволуваат само една минута за да направат селфи покрај Мона Лиза, дека во Лувр владее хаос, дека е лошо организиран и дека чуварите лошо се однесуваат со поетителите.
Лувр е најпосетен музеј во свет, секоја година има најмалку 10.2 милиони посетители, од кои скоро 80 отсто доаѓаат само поради Мона Лиза.
Управата дозволила посети на Лувр само три дена неделно, а заменик директорот на музејот Винсент Помаред, им препорачуваат на заинтересираните уште сега да резервираат термин за посета во есен, бидејќи тоа е единствен начин кој може да им гарантира влез во Лувр.
Мона Лиза ќе биде вратена на своето место во октомври, кога ќе биде отворена голема изложба посветена на 500. годишнината од смртта на Леонардо.

mona3

Испрати коментар

Scroll To Top