Трговскиот центар Cosmo Park во Џакарта има десет ката, а на неговиот покрив има населба во која животот се одвива поинаку отколку на забрзаните улици долу. Cosmo Park е изграден пред десет години, но пошироката јавност слушна за овој објект минатиот месец, откако еден корисник на Twitter објавил фотографија од комплексот снимена од птичја перспектива. Фотографијата покренала дебата за тоа дали е мудро да се гради на ваков начин, и какви би биле последиците во случај на земјотрес. Главниот град на Индонезија е преналселен, со загушен сообраќај и блокирани улици, како и проблеми со загадување на воздухот. Истовремено, жителите на несекојдневната населба во Cosmo Park велат дека уживаат во својата „оаза“. Агентите за недвижности истакнуваат дека местото е особено атрактивно меѓу странците во Џакарта.