Екипи на Град Скопје ги завршија градежните активности за „Реконструкција на дилетации на мост Гоце Делчев во двата правци“ и сообраќајот на мостот се одвива непречено.
Комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена. За време на градежните активности на овој потег беше воспоставен привремен сообраќаен режим.
Со овој тип на реконструкција на дилатационите спојки на мосот, градежен зафат кој не беше изведен на мостот во изминатите 13 години, значително се зголемува безбедноста на мостот.