Зошто да останете во редовни повеќекатни, стерилни на изглед хотели, кога би можеле да престојувате во гитара? Оваа есен, првиот хотел во светот, во форма на гитара ќе се отвори во Јужна Флорида.
Проектот, вреден над 1,5 милијарди долари, го реализира славниот бренд „Хард Рок кафе“ од Холивуд, но овој пат на Флорида, како дел од поголем проект чија севкупна вредност е 2,2 милијарди долари. Имено, предвидени се два вакви хотели, ако се потврди комерцијалниот успех на првиот.
Официјалното име на хотелот-гитара е „Семинола Хард Рок хотел и казино“. Хотелот, кој е висок над 120 метри, официјално ќе се отвори на 24 октомври 2019. Резервирањето на соба може да се направи онлајн почнувајќи од 24 јули, а билети за главниот музички чин на големото отворање, на кое ќе свират познатите Maroon 5 се веќе достапни за купување од 31 мај.
Џим Ален, претседател на Hard Rock International и извршен директор на Seminole Gaming откри детали за новиот гитарски хотел и проширувањето на Тампа на прес-конференција во Хард Рок кафе во Њујорк.
„Марката Хард Рок е посилна денес отколку што некогаш беше. Ова е повеќе од храна, пијалаци и место за престој. Ова веќе не е класичниот Хард Рок. Има простор за луксуз, но сепак во наш стил. Сепак, не забораваме кои сме“, изјави Ален.
Музичкиот елемент е огромен дел од она што ги дефинира Хард Рок хотелите и рестораните ширум светот. „Семиноле Хард Рок хотел и казино“ во Флорида нема да биде исклучок. Главниот сегмент, во комерцијалната кампања е именуван како „Окулус“. Станува збор за бесплатно шоу, кое опфаќа звук, светлина, вода и кореографија, како дел од музичкиот бекграунд на брендот и начин за посетителите прво да ја доживеат храбрата енергија на музиката. Станува збор за околу 100 концерти, кои годишно ќе се одржуваат тука, а кои ќе бидат бесплатни за посетителите на хотелот, во огромна концерта сала, која се гради. Салата ќе има над 10.000 седишта, поделени во пет нивоа, при што првото, ќе биде пред самата сцена, и ќе нуди директен контакт со изведувачите.
Повеќе од 125 милиони долари ќе се трошат годишно, само на овој простор. Освен „Окулус“ и „Хард Рок во живо“, експанзивниот имот ќе вклучува дневен базен со клупска атмосфера, како конкуренција на забавите во Лас Вегас. Исто така, дел од објект е и вештачко езеро, кое ќе содржи веслачки чамци и мрзлива река, бар на врвот на зградата, како и продавници и големи простори за конвенции.
Во делот на казиното, ќе има над 3.000 слот-машини и околу 228 маси за коцкање, доволно за сите кои ги сакаат коцките и среќата. Хотелот располага со над 630 луксузни соби, но намерата на менаџментот е да го прошири проектот до капацитет од 1300 соби.
Предвидени се и 14 ресторани, со цел гостите да го пронајдат специфичниот вкус, без разлика дали победиле или загубиле.
Што се однесува до спалните соби, тие ќе почнат со големина од 515 квадратни метри и ќе се зголемуваат. Најлускузен дел на хотелот е „Кулата Оаза“ која ќе нуди ексклузивни бањи во собите, со поглед на околината додека се бањате. Тука на располагање се 168 соби.
Друга услуга во капацитетот на хотелот е т.н. „Ален“ искуство. Станува збор за миниапартмани, потопени во вода, во стилот на оние кои можат да се видат на Малдивите. Вилите се со површина од 400 до 800 квадратни метри. Во овие ВИП вили, посетителите ќе имаат личен батлер на услуга, како и базен. Засега, овие сегменти немаат цена, но до октомври и тоа ќе се знае. Како важен туристички експонат, ќе биде поставено и златното пијано на кралот на музиката Елвис Присли, на самиот влез во ресортот. Во хотелот е предвидено да работат 1.200 лица.