Канадската компанија Sparta Group успешно го спроведува проектот Phoenix, и од сеприсутниот пластичен отпад произведува дизел гориво и бензин. Од компанијата соопштуваат дека проектот веќе дава резултати и дека добиеното гориво веќе се користи за потребите на сопствениот возен парк. „Пет тони нерециклиран пластичен отпад може да се конвертира во 4.000 литри гориво“, вели претседателот на компанијата чие седиште се наоѓа недалеку од Торонто. Пластичниот отпад прво се сече на ситни парчиња, а потоа се разградува на високи температури и без кислород. Со оваа технологија се третира пластичниот отпад кој најчесто завршува како загадувач на животната средина.
Во Македонија на Технолошко-металуршки факултет многу одамна е ова направено.
во прилог статијата: https://meta.mk/na-tehnoloshko-metalurshkiot-fakultet-uspeshno-se-proizveduva-dizel-gorivo-od-otpad/?fbclid=IwAR2RapzG2O5TIb9uXiqJ92-dEOjiEH2pG05gdrPE4_oMetPjq8CNEBlIS6w