Американската компанија Apple, започна со издавање на своја кредитна картичка – Apple Card, која е достапна за корисниците на iPhone. Лансирањето на картичката, компанијата го најави уште во март, во партнерство со инвестициската банка Goldman Sachs. Пријавата се врши преку апликацијата Wallet, а процесот на одобрување на виртуелан картичка трае неколку минути. За добивање на физичка картичка (изработена од титаниум) потребни се два до три дена, и истата е засега достапна само во САД. Компанијата исто така истакнува дека корисниците кои плаќаат преку апликацијата Apple Pay, добиваат поврат на средства во висина од 2% од вредноста на секоја извршена трансакција.