Насловна / Арт и дизајн / „Срцето на Сараево“ се изработува веќе 15 години. Дали знаете што всушност претставува?

„Срцето на Сараево“ се изработува веќе 15 години. Дали знаете што всушност претставува?

Денес започнува меѓународниот Sarajevo Film Festival, со светската премиера на филмот „Син“ на режисерката Инес Тановиќ. Во конкуренција за главната награда – „Срцето на Сараево“ се 53 филмови, од вкупно 270-те од 68 земји кои ќе се претстават на овој фестивал. Но, што всушност претставува оваа малечка скулптура?  Во златарската работилница Sofić, чии сопственици се браќата Сеад и Сенад, веќе 15 години се изработува главната награда за овој фестивал. „Срцето на Сареаво“ е дизајнирано од страна на француската дизајнерка Agnes B. , и уште од 2004 година е официјална награда на најголемиот филмски фестивал во регионот. Тогаш работата во врска со изработката ја има превземено златарницата Sofić.

srce sarajeva2

srce sarajeva3

Приказната зад овој дизајн е повеќе од симболична. Имено, во текот на војната во Босна и Херцеговина, на мировните демонстрации во Париз со одвај 50-тина присутни се појавила дизајнерката Agnes B. Инспирирана од разочарувањето поради незаинтересираноста на нејзините сограѓани за протестот, таа се одлучила на интересен чекор – продажба на срца од картон, за да ги испрати парите како помош во опколеното Сараево. Оваа картонска креација е преточена во денес добро познатиот симбол од сребро, во златарската работилница Sofić. Петнаесет години подоцна, браќата Sofić и натаму ги изработуваат наградите, со што покажуваат дека идејата на Agnes B. ја надминува нејзината оригинална намена. Дизајнерката и самата е наградена со почесно „Срце на Сараево“ за време на фестивалот во 2014 година.
srce sarajeva4

srce sarajeva5

 

Испрати коментар

Scroll To Top