Насловна / Архитектура / Минималистичка куќа открива различни простори во себе

Минималистичка куќа открива различни простори во себе

Оваа минималистичка и пространа едносемејна куќа, дизајнирана од FORM/Kouichi Kimura Architects, се наоѓа во јапонската префектура Shiga. Барањето на клиентот било да има куќа која не е под влијание на опкружувањето на локацијата.
001-house-silence-formkouichi-kimura-architects
Архитектурата што е компонирана од бетонски волумени, нема многу прозорци и е затворена со ѕидови, но внатрешноста има толку многу различни простори какви што никогаш не би претпоставиле однадвор.
Грубата бетонска обработка, сјајните тули и отворот како камбанарија, на некој начнин наговестуваат за диверзитетот на простори во самиот објект.
Внатрешниот простор е поделен со висината на таванот, така што различните нивоа и видови на светло се поврзани во една линија на тек.

Внатрешниот двор е отсечок од околината и дава различен израз во зависност од промената на светлина.
Згора на тоа, контрастот на висината го прави просторот уште поширок и подлабок од она што е.
Оваа куќа нуди искуство на доживување на простор во секвенци кои особено се во релација со светлината. Постои како обележје во градот, меѓутоа обезбедува висок степен на приватност и сигурност во својата внатрешност.
002-house-silence-formkouichi-kimura-architects
003-house-silence-formkouichi-kimura-architects
004-house-silence-formkouichi-kimura-architects
005-house-silence-formkouichi-kimura-architects
006-house-silence-formkouichi-kimura-architects
007-house-silence-formkouichi-kimura-architects

Испрати коментар

Scroll To Top