Насловна / Арт и дизајн / Започнува јубилејната 30-та Ликовна колонија Галичник

Започнува јубилејната 30-та Ликовна колонија Галичник

Денес, 15 август 2019 година, започнува јубилејната 30-та интернационална Ликовна колонија Галичник, која ќе трае до 22 август. На неа ќе земат учество 11-мина уметници од повеќе земји и тоа: Симоне Хујамнс и Мари ван Воленхофен – Холандија, Селма Џулизаревиќ и Бранимир Карановиќ – Србија, Софија Грегоријаду – Грција, Улф Лундин – Шведска, Даниел Дресел – Германија, Лин Куасаи – Англија, Хелидон Ѓерѓи – Албанија, САД и Зорица Зафировска и Атанас Атанасоски од Македонија. Сите учесници се современи визуелни уметници кои се занимаваат со транс и мултимедијална уметност.

г1
Ликовната колонија Галичник, која ја основа Нове Франговски (1939-2017), отсекогаш била посебна визуелна манифестација во нашата држава чија причина за постоење е да се воведе еден специфичен квалитативен сензибилитет во заедничко работење на група интернационални и домашни автори. Целта не е репетитивност во изборот на автори, квантитет на продукција, л’арт пур л’арт оправданост во импресионистичкиот манир, туку една современа форма на промоција на уметноста, која ќе овозможи квалитетни средби, резиденција во визуелен јазик адекватен на современите текови во уметноста, манифестација која ќе овозможи суштински контакти клучни во создавање на уметничко вмрежување кое пак од друга страна е плодно тло за афирмација на македонската култура и уметност во светот.

ulf-lundin-5-9

Улф Лундин – Шведска

Во знак на јубилејот, Ликовната колонија Галичник, подготвува неколку активности. За времетраењето на колонијата ќе се одржат две јавни презентации на кои уметниците ќе се претстават пред локалната јавност и ќе можат да комуницираат и да се социјализираат со локалното население, доближувајќи се до нив, на некој начин отклонувајќи ги границите на „неразбирливоста и апстрактноста“ на современата уметност и новите медиуми во уметноста.

Атанас Атанасоски

Атанас Атанасоски – Македонија

Овие презентации ќе се одржат на 16 и 17 август, во 19.00 часот, во општинската галерија среде Галичник, а во недела, 18 август, во 11.00 часот ќе ја анимираме и најмладата публика, едуцирајќи ги преку детска работилница со уметниците – учесници.

Даниел Дресел

Даниел Дресел – Германија

зорица-зафировска

Зорица Зафировска – Македонија

Лин Куасаи и Даниел Дресел

Даниел Дресел – Германија и Лин Куасаи – Англија

Селма Џулизаревиќ

Селма Џулизаревиќ – Србија

Испрати коментар

Scroll To Top