Индонезија ќе го премести главниот град Џакарта на островот Борнео. Причината за ова е големата сообраќајна загушеност и тонењето на градот. Ова на Твитер го објави претседателот на островската држава. За разлика од другите делови на Индонезија стручњаците тврдат дека поголемиот дел од Борнео не е загрозен од земјотреси и вулкански ерупции.
Преселувањето е планирано за заврши до 2024 година и според проценките би требало да чини околу 33 милијарди долари. Меѓутоа таа бројка не е премногу голема ако се земат во предвид економските губитоци кои ги има поради сообраќајниот метеж, кои се проценети на седум милијарди долари годишно.
Две петини од десетмилионската Џакарта се наоѓа под ниво на морето и продолжува да тоне. За масовно избивање на подземните води експертите ги обвинуваат домаќинствата за немарност, како и деловните згради, трговските центри.
Некои активисти за зачувување на животната средина ја критикуваат одлуката за преселување на престолнината тврдејќи дека изградбата на нов град во средината на шумата може да нанесе штета на природата.