Австралискиот уметник Ian Strange го претстави своето ново дело Landed („Приземнет“) на познатиот уметнички фестивал во Аделаида, точно пред предниот дел на Уметничката галерија на Јужна Австралија. Делото е во форма на инсталација, односно во облик на куќа како реплика на неговиот дом од 20-тите години на минатиот век.
Куќата е поставена како да е падната од небо точно пред галеријата. Целосно обоена во црно, делумно „вметната” во асфалтот со остатоци од кршен камен околу себе, оваа site-specific скулптура евоцира момент од „Волшебникот од Оз“, каде што куќата на главниот лик Дороти ја однел ураган и ја фрлил на сосема непознато место.
Верноста на поставеноста и непосредноста на инсталацијата и нејзината чудна локација предизвикува кај минувачите вознемиреност во смисла како тоа би изгледало кога навистина би се случило такво нешто во реалноста.