На Светската изложба Dubai Expo 2020, Хрватска ќе се претстави како земја на иновативни проекти, идеи и големи умови кои постигнале светска препознатливост, меѓу кои е и Никола Тесла. Но, српското министерство за култура и информирање, тврди дека „во енциклопедиите, научните трудови и во популарните текстови на сите јазици, стои податокот кој е историски единствено точен, односо дека Тесла е еден од најзначајните српски научници“. Во своето официјалното соопштение тие додаваат дека “ова е обид на Хрватска да го присвои научникот и иноваторот Никола Тесла, кој целокупната светска јавност го препознава и памти како Србин кој голем дел од својот живот поминал во Америка. “
Хрватска го смета Тесла за хрватски и американски научник, кој по потекло е Србин од Смиљан во Лика, Хрватска, но речиси секој настан поврзан со неговото име и дело не поминува без остри расправии помеѓу двете земји за тоа дали се работи за српски или хрватски научник.