Насловна / Екологија / Крк – прв CO2 неутрален остров на Медитеранот?

Крк – прв CO2 неутрален остров на Медитеранот?

otok-krk-croatia-1920x1200
Локалните поборници за животната средина се обидуваат да го направат овој остров со површина од 410 km2, првиот CO2 неутрален остов на Медитеранот. Но, промоцијата на обновливите извори на енергија е поматена од плановите на официјален Загреб за вложување во термоцентралата Plomin C.

Оваа термоцентрала ќе користи увозен јаглен, и ќе биде лоцирана во близина на островот, поточно на полуостровот Истра. Експертите предупредуваат дека на овој начин, освен последиците за животната средина, ќе се зголеми и енергетската зависност на земјата.

Предизвикот пред екологистите е голем: одржливоста е нивниот императив не само во енергетиката туку и во земјоделството. Од друга страна пак, веќе е воведена програма за рециклирање наречена „најдоброто во Хрватска“.

Извор; Deutsche Welle

Испрати коментар

Scroll To Top